Златан Ибрахимовиќ, кој има 41 година, по 14 месеци се врати во националниот тим на Шведска и вели дека е среќен што немам болки и може да ужива во играњето.
„Пријатно ми е тука, се чувствувам како татко на овие играчи од тимот. Изминатите 14 месеци страдав од повреди, сега се чувствувам добро, немам болки. Ќе видиме колку ќе трае тоа, но сега ми е забавно“, рече Ибра, кој верува дека може да му помогне на тимот на Шведска и на терен и надвор од него, а не знае дали би играл следната година ако тимот се пласира на ЕП.
„На соиграчите им реков: сигурно се чудите што правам тука, сигурно мислите дека сум луд. Не знам кога ќе претстанам да играм, не планирам ништо, гледам само од еден до ден“, додава Златан, кој е прв стрелец во историјата на шведската селекција.