Ибрахимовиќ за Нова година си купи шума во Шведска!

Златан Ибрахимовиќ реши во Новата 2021 година да влезе со една нова интересна инвестиција. Голгетерот на Милан реши да потроши три милиони евра за да си купи шума во родната Шведска.

Шумата се простира на околу 1.000 хектари, а се наоѓа во близина на границата со Норвешка, поточно во близина на познатиот скијачки центар Аре.

Ибрахимовиќ е познат како страстен љубител на ловот и риболовот, а со купувањето на шумата доби дозволи и за такви активности.

Златан повеќе од еден месец беше надвор од теренот поради повреда на мускулот на ногата, но се очекува да биде подготвен за првиот меч во 2021 година, односно на 3 јануари да биде во составот на Росонерите на гостувањето кај Беневенто.

 

- Оглас -

Најнови вести