Златан Ибрахимовиќ нема влакна на јазикот, па отворено коментира за се во фудбалот, а сега има свој коментар и за ситуацијата во која се најде Килијан Мбапе кој остана во Париз да тренира со “непотребните“ фудбалери и не беше земен на подготовките на ПСЖ.
– “Даил направи добра работа кога го продолжи договорот со ПСЖ? За себе не, но за ПСЖ да. Се стави во ситуација да биде поважен и од клубот, но никогаш не можеш да бидеш поголем од клубот. Кога еден млад дечко ќе стане толку моќен, лесно заработува пари. Тогаш неговите родители стануваат адвокати, агенти, тренери. Тука е проблемот. Ја губиш самодисциплината и идентитетот. Денес новата генерација родители, мајките и татковците, мислат дека се ѕвезди. Многу зборуваат во медиумите, а треба да молчат. Работата на вашиот син е да тренира и да биде дисциплиниран.“ – вели Ибрахимовиќ во изјава за француските медиуми.