Златан Ибрахимовиќ гостуваше во емисија на американската телевизија CBS и се пофали дека знае 5-6 јазици.
Легендарниот шведски фудбалер, сега консултант во Милан, го прашале колку јазици зборува, а тој на овие простори привлече внимание со тоа што кажа дека зборува „југословенски“, а таков јазик никогаш не постоел под тоа име. Ибра мисли на некогашниот српско-хрватски.
„Кога бев млад се преселив во Холандија, па научив холандски, а знам и англиски, шведски, англиски, југословенски, италијански, малку шпански“, рече Ибрахимовиќ.
Полиглотот Ибрахимовиќ е роден во Малме, Шведска. Неговиот татко Шефик е Бошњак, а неговата мајка Јурка е Хрватка. Во репрезентативната кариера ја претставуваше родната земја, а во богатата клупска кариера, меѓу другите, настапуваше и за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед. Тој се пензионираше во 2023 година и ја презеде улогата на советник во клубот Милан.
https://www.tiktok.com/@z.iibrahimovic1609/video/7395949547345775904?embed_source=121374463%2C121442748%2C121439635%2C121433650%2C121404359%2C121351166%2C121331973%2C120811592%2C120810756%3Bnull%3Bembed_song_name&refer=embed&referer_url=www.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fibrahimovic-na-pitanje-koje-jezike-govori-nizozemski-svedski-jugoslavenski%2F2586043.aspx%3Findex_ref%3Dnaslovnica_sport_ostalo_d_0