Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, во родната Шведска ја одржува формата и чека да види која ќе биде одлуката за сезоната во италијанската Серија А. Популарниот Ибра тренира заедно со играчите на Хамерби, клуб во кој голгетерот поседува поголем дел од акциите.
Токму одлуката на Ибрахимовиќ да купи акции во Хамерби ги налути навивачите на Малме, каде што голгетерот ја започна кариерата. Пред стадионот на Малме беше ставен и споменик од Ибрахимовиќ, но по неговата одлука да инвестира во Хамерби, бистата беше урната.
„Тоа е тажно. Оние кои ги знаат сите детали никогаш не би направиле нешто такво. Навивачите сакаат внимание и сакаат медиумите да пишуваат за тоа, затоа што мислат дека тоа е кул. Јас мислам дека тоа е детско ниво. Тоа што статуата ја снема, не значи дека ја снемало и мојата историја во Малме. Таа засекогаш ќе остане“, вели Ибрахимовиќ.
Фудбалерот кој речиси две децении е еден од најдобрите голгетери во светот најави дека не планира да се врати во шведското првенство и дека ја чека одлуката дали ќе продолжи првенството во Италија, каде што очекува повторно да го облече дресот на Милан.