Ибрахимовиќ знае што нема да прави во животот: „Тоа е премногу работа за мене“

Еден од најмаркантните фудбалери во историјата, Златан Ибрахимовиќ, после завршувањето на кариерата е задолжен за спортскиот дел во екипата на Милан. Тој многупати кажа дека нема намера да биде тренер, а тоа го потврди уште еднаш, но и објасни зошто донел таква одлука.

„И понатаму не сакам да бидам тренер. Тоа е премногу работа за мене. Мораш да покриваш многу работи, да ја составиш екипата, да најдеш решенија, да подготвиш натпревар. Работиш ден и ноќ. Една година како тренер за мене би било како десет години. Тоа воопшто не ме привлекува.“ – вели Ибрахимовиќ.

Легендарниот шведски репрезентативец детално го опиша и односот помеѓу тренерот и фудбалерот.

„Многу тренери имаат своја филозофија, стил на игра и тогаш поединецот веќе не е важен, бидејќи сите мора да бидат дел од тактиката. Секако, филозофијата на тренерот е важна, тој е оној кој ја води екипата. Меѓутоа, верувам дека поединецот е најважниот дел од екипата. Тој е оној кој излегува на теренот и прави разлика. Не би рекол дека фудбалот е здодевен, туку мислам дека постојано се развива.“ – додава Златан Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести