Капитенот на Шкендија, Бесарт Ибраими вели дека македонскиот првак може да стигне до победа во дуелот против Слован Братислава, иако гостинот е многу квалитетен тим.
„Сите ние сме задоволни, оваа година напишавме историја. Но, не треба да застанеме тука, утре треба да дадеме максимум и да го добиеме натпреварот, а зошто да не се квалификуваме и понатаму“, вели Ибраими.
Тој истакна дека очекува и поддршка од фановите на трибините на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.
„Што се однесува до навивачите, нормално дека тие се дополнителен мотив за нас. Утре очекувам да бидат во што е можно поголем број. Очекувам поддршка, бидејќи тие се нашиот 12. играч и верувам дека ќе ни помогнат да стигнеме до победа.“

