Идеална комбинација за битолчани: Пелистер победи и промовираше ново засилување, а Вардар загуби

Еурофарм Пелистер со победата над Татран Прешов од 25-24 се најде на чекор до пласман во финалето на 50-тиот интернационален ракометен турнир во Струга. Битолчани треба да го совладаат АЕК за да станат финалисти.

Освен победата над Татран, добра вест за нив е и официјализирањето на договорот со тунискиот репрезентативец Мохамед Суси. Суси игра како лев бек, а доаѓа од Трембле, додека пред тоа беше член на Монпелје.

За разлика од Е. Пелистер, Вардар 1961 не мина добро денеска и испушти шанса да се пласира во финалето. Вардарци беа надиграни од Целје со 28-36. Црвено-црните на полувреме имаа нерешен резултат, а потоа се случи драстичен пад, па Словенците извојуваа убедлив триумф.

- Оглас -

Најнови вести