Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ, повторно ја забавуваше јавноста со своја објава на „Твитер“ со која потврди колку е заљубен во себе. Тој објави верзија на негов дрим-тим од 11 фудбалери.
Нарцисоидниот Ибрахимовиќ, кој има 37 години, во неговиот идеален тим од соништата смести 11 Златани, поточно самиот си се стави на сите позиции, со тоа што не ја стави истата фотографија, туку малку измеша, некои слики се од неговите помлади години, некои се понови.
„Ова е мојот омилен најдобар тим на сите времиња. Само треба да изберам тренер. Можеби и за тренер ќе го ставам Златан“, напиша Швеѓанецот.