Кригла пиво на дресот ги направи светски популарни

Многу светски клубови пред почетокот на секоја сезона се обидуваат да направат дресови кои ќе бидат примамливи за навивачите и да направат што е можно поголема продажба. Од сите клубови во светот, малку е неверојатно, но еден шкотски нисколигаш се најде во центарот на светското внимание, и тоа поради дизајнот на дресот.

Во клубот дошле до идеја дресот да биде во облик на кригла пиво, што наиде на воодушевување кај многу фанови кои сакаат да го имаат токму овој дрес во својата колекција.

Клубот Њукреигхал Викторија реши да ризикува и тоа се покажа како одличен потег, па продажбата на дресови е толку голема, што веќе е обезбедена одлична финансиска поткрепа.

Главна причина за дизајнот на овој дрес е пиварата „Тенетс“, која е главен спонзор на клубот од Единбург. Во Единбург најпопуларни клубови се премиерлигашите Хартс и Хибернијанс, но сега малиот клуб Њукреигхал Викторија им ја „украде“ популарноста, и тоа поради дресот што го има овој тим од Шкотска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести