Иди ми – дојди ми: Седлоски повторно се врати во Шкупи

Гоце Седлоски е старо-нов тренер на Шкупи, откако повторно е назначен да го предводи актуелниот првак на Македонија.

Популарниот Седло пред 10 дена си поднесе оставка која што беше прифатена од раководството, откако одигра само 1:1 против Победа.

„Ве известуваме дека нов тренер на Шкупи ќе биде Гоце Седлоски, додека асистент ќе му биде Арбен Нухиу, додека на претседателската функција се враќа Суат Алија“ стои во соопштението на Шкупи.

Првакот во недела ќе игра меч против Работнички и тоа во Чаир во рамките на новото коло од ПМФЛ.

- Оглас -

Најнови вести