Идиот на годината: Фан на Роналдо измисли интервју со починатиот Пеле (Фото)

Фан на Кристијано Роналдо стана цел на потсмев на сите фудбалски навивачи бидејќи измисли интервју со легендарниот Бразилец, Пеле кој е починат.

Роналдо на 30-ти декември 2022 година потпиша за саудискиот Ал-Наср, а еден ден претходно фудбалскиот свет беше во шок поради смртта на Пеле.

Но, фан на Португалецот, месецов на својата страница „Ал-Назер“ објави изјава на Пеле која е наменета за Роналдо и неговото достигнување во саудиската Про Лига.
„Луѓето мислат дека е лесно да се даваат голови во Саудиска Арабија, но тоа не е лесно со 38 години. Роналдо направи импресивна работа“, гласи изјавата на Пеле кој почина пред две години.

Поради ова, фанот на Роналдо стана хит на социјалните мрежи каде луѓето си тераат мајтап со него.

„Дали му дал изјава од гроб. не можам да верувам, измислуваат изјави од Пеле само да ги направат Роналдо и неговата кариера во Саудиска Арабија релевантни. Ова интервју го покренува прашањето за живот по смртта. Навивачите на Роналдо пронајдоа начин како да интервјуираат починати луѓе. Може ли некој да ја контактира баба ми бидејќи не можам да го најдам нејзиниот прстен“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести