Идната ѕвезда на Барса едвај чека да се соочи со Кристијано Роналдо

Холандскиот вицешампион Ајакс во четвртфиналето од ЛШ ќе игра против Јувентус. Откако „копјаниците“ направија сензација и го елиминираа бранителот Реал, и тоа среде Мадрид, сега ги очекува нов, искучително тежок предизвик.

Еден од клучните играчи на Ајакс, Френки де Јонг, со нетрпение го чека двомечот со „старата дама“ за да може да го види Кристијано Роналдо одблиску.

„Уште кога имав 11 или 12 години, Роналдо веќе беше еден од најдобрите фудбалери во светот. И по толку време, тој уште „царува“ на европската сцена. Ќе биде убаво да го видам одблиску, да го почувствувам неговото присуство на теренот“, истакна Де Јонг.

Дваесет и едногодишниот играч за врска од следната сезона ќе го носи дресот на Барселона, откако шпанскиот првак предвреме го осигури неговиот потпис, додека Ајакс доби отштета од 75 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести