11.8 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Иднината е тука, двајца 19-годишници ќе дебитираат како сениори на големите натпреварувања

Врсниците (двајцата имаат по 19 години) Дамјан Митев и Самоил Ристевски се нови лица во македонската репрезентација на големите натпреварувања во сениорска конкуренција и претставуваат светла иднина на македонскиот ракомет, веруваме дека уште долго и со успех ќе го носат црвено-жолтиот дрес.

Помладиот брат на Марко Митев, кој игра како бек, и 199-сантиметри високиот пикер на Еурофарм Пелистер знаат како да се игра на големо натпреварување, но во јуниорска конкуренција, а сега ќе ја почувствуваат магијата на она вистинското, најквалитетното натпреварување.

Ристевски и Митев имаат искуство и од играње на европски мечеви со своите клубови, Ристевски е дел од Лигата на шампионите, Митев со Алкалоид исто така играл со силни странски противници и тоа може да им биде олеснителна околност во Хернинг.

Младоста и полетноста се на нивна страна, овие момчиња се светла иднина врз која ќе треба да се гради националниот тим во наредните години и добро е што уште на тинејџерска возраст ќе стекнат искуство кое е непроценливо и ќе го паметат засекогаш.

- Оглас -

Најнови вести