Најголемите фудбалски ѕвезди се распоредени во Англија, Шпанија, па и Франција. Во Сити, Ливерпул и останатите англиски клубови, како и во Барселона, Реал Мадрид и ПСЖ има состави полни со големи и докажани ѕвезди.
Сепак, кога се работи за иднината на европскиот фудбал, тука предничи германската Бундеслига. Дури тројца од четворицата најефикасни фудбалери кои сѐ уште се тинејџери, односно немаат ни 20 години, играат во Бундеслигата.
Џамал Муисала, кој во март следната година ќе наполни 20 години, е ѕвездата која блеска во дресот на Баерн Минхен. Муисала е незаменлив во првиот тим и веќе одигра 18 меча во кои постигна дури 10 гола. Муисала игра во средниот ред, но одлично се снаоѓа во офанзивните позиции и веќе е со двоцифрен број на голови.
Веднаш зад Муисала, од тинејџерите кои играат во Топ 5 лигите, по ефикасност следува Џуд Белингам од Борусија Дортмунд. Англискиот репрезентативец игра во средниот ред, но тоа не му е пречка веќе да има постигнато девет гола во 19 мечеви сезонава во сите натпреварувања.
Бундеслигашката доминација на тинејџери кои блескаат ја „нарушува“ Ели Вахи, кој е голгетер во Монпелје во Франција. Вахи сезонава даде шест гола и е трет најефикасен тинејџер во Топ 5 лигите.
На четвртото место на оваа листа, повторно е играч на Борусија Дортмунд, Јусуф Мукоко. Тој е и најмладиот од сите четворица на оваа листа на стрелци и има само 17 години. Овој талентиран напаѓач даде четири гола во 17-те средби кои сезонава ги одигра за Милионерите.
3 – Three out of the four U20 players with the most goals scored in all comps for teams from Europe’s big five leagues in 2022-23 play in the Bundesliga:
– Jamal Musiala 10
– Jude Bellingham 9
– Elye Wahi 6
– Youssoufa Moukoko 4
Future. pic.twitter.com/T0asjpNjs0
— OptaFranz (@OptaFranz) October 31, 2022