Иднината на Рашфорд е во Манчестер јунајтед, а не во ПСЖ

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, не размислува за продажба на напаѓачот Маркус Рашфорд на ПСЖ во летниот преоден рок и тоа откако минатата година потпиша нов петгодишен договор.

Англиските и француските медиуми пишуваат дека челниците на ПСЖ го сметаат Рашфорд за една од главните мети во летниот преоден рок и како играч кој треба да го замени Килијан Мбапе кој по завршување на сезоната ќе се пресели во Реал Мадрид.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1768636061045969121

 

„Иако се споменува како можна замена за Килијан Мбапе во ПСЖ, иднината на Маркус Рашфорд е во Манчестер јунајтед. Не потпишавме долгогодишен договор со него за сега да го продаваме“, изјави Тен Хаг.

Рашфорд минатата сезона даде 30 гола во сите натпреварувања, но сезонава се мачи и досега само седум пати ја тресеше мрежата на противничките голови.

- Оглас -

Најнови вести