Ига добро игра, трета година по ред е финалистка на Ролан Гарос

Полската тенисерка Ига Швјонтек е прва финалистка на парискиот гранслем-турнир Ролан Гарос.

Таа во полуфиналето ја надигра Коко Гоф со 6-2, 6-4 и само со еден загубен сет стигна до финалето на турнирот кој го освојуваше во 2020, 2022 и 2023 година. Ига има серија од 20 победи по ред на земјените терени на Ролан Гарос.

Швјонтек во финалето ќе се сретне со Јасмин Паолини или Мира Андреева, а против кого и да игра, водечката на ВТА-листата ќе биде голема фаворитка.

- Оглас -

Најнови вести