32.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Ига Швјонтек ја прегази на „нула“ Анисимова и го освои Вимблдон

Полската тенисерка Ига Швјонтек е победничка на Вимблдон, откако за помалку од еден час ја прегази Аманда Анисимова со 2-0 во сетови (6-0, 6-0), не дозволувајќи и на Американката ниту еден гем во финалето.

Таа е првата тенисерка во „опен ерата“ која остварила ваков триумф во финалето на Вимблдон, а вкупно втора во историјата. Швјонтек стигна до шестата гранслем титула во својата кариера.

Резултатот доволно говори каква доминација имаше полската тенисерка на денешното финале. Анисимова имаше голем број неизнудени грешки, а тоа Швјонтек знаеше немилосрдно да го казни.

Финалето кое се одигра пред 114 години, исто така заврши со убедлив резултат 6-0, 6-0 во корист на Доротеа Ламберт Чемберс, која ја совлада Дора Бутби. Овој меч досега претставуваше едно од наједнострано одиграните финалиња во историјата на Вимблдон. Но, сега и триумфот на Швјонтек е во истата конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести