-2.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Ига Швјонтек урна рекорд на Моника Селеш стар 29 години

Полската тенисерка Ига Швјонтек го урна 29 години стариот рекорд на Моника Селеш, постигнувајќи ја својата 65-та последователна победа на старт на турнирите под закрилата на ВТА.

Селеш оствари 64 победи по ред на отворањата на турнирите (прво или второ коло), вклучувајќи ги и гранслем-турнирите во периодот од 1990 до 1996 година.

Швјонтек денеска ја победи Колумбијката Емилијана Аранго со 6-1, 6-2 во првото коло на Отвореното првенство на САД, со што го собори тридеценискиот рекорд.

- Оглас -

Најнови вести