Ига Швјонтек за еден час и 20 минути ја прегази Хрватката Мартиќ на Вимблдон

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек за еден час и 20 минути игра се пласира во третото коло на Вимблдон. Таа ја совлада Хрватката Петра Мартиќ со 2:0 во сетови (6:4, 6:3).

Во првиот сет хрватската тенисерка добро се држеше до резултат 5:4 во гемови, а потоа Швјонтек успеа да направи брејк и да го комплетира првиот сет со 6:4.

Во вториот сет имаше сличен развој на настаните. До резултат 4:3 во гемови и двете тенисерки ги чуваа своите сервиси. Сепак, во осмиот гем, Ига Швјонтек ја искористи втората брејк топка и поведе со 5:3. Во следниот гем Швјонтек славеше без загубен поен, за конечни 6:3 во гемови во вториот сет.

Следна противничка на Ига Швјонтек е Јулија Путинцева од Казахстан во третата рунда.

Четвртата носителка Елена Рибакина со 2-1 во сетови ја победи Лаура Сигмунд.

- Оглас -

Најнови вести