Игало прави акробации, штета што никој не виде „во живо“(видео)

Одион Игало со фантастичен погодок донесе водство на Манчестер јунајтед на гостувањето кај ЛАСК во првата осминафинална пресметка во ЛЕ. Изведбата на нигерискиот голгетер е за завидување, со жонглирање на мал простор го збуни противникот и упати силен удар од работа на 16-те метри.

Штета што немаше навивачи на трибините за Игало да ја сподели радоста за изведената акробација. Сепак, изолацијата поради Коноравирусот не му ја одзеде убавината на голот.

Во меѓувреме и Базел води со 1-0 на гости кај Ајнтрахт во Франкфурт, додека без голови се игра во Истанбул на дуелот Башакшехир – Копенхаген.

https://twitter.com/hshmutd/status/1238170678102306817

- Оглас -

Најнови вести