Игор Алексовски го погоди хуманитарниот тикет: Драго ми е што ќе помогнеме таму каде што е најпотребно

Хуманитарната акција на Sport Life во која познати лица од светот на спортот и естрадата типуваат фудбалски мечеви во хуманитарни цели е полн погодок. Два погодени хуманитарни тикети во низа.


По кошаркарскиот тренер Емил Рајковиќ, успешен прогнозер беше и фудбалскиот репрезентативец и голман на Работнички, Игор Алексовски.

„Драго ми е што ќе помогнеме заедно со Sport Life таму каде што е најпотребно во моментот. Искрено, кога останаа последните два натпревари, Барселона да победи и на мечот да бидат постигнати три гола и Интер да триумфира против Рома, жестоко навивав да го погодиме тикетот. Барса лесно ја заврши работата уште во првото полувреме, а и Интер ја оствари целта со голот на Лаутаро Мартинес. Навистина сум среќен што ете барем малку ќе можеме да помогнеме со донација“, изјави Игор Алексовски.

Голманот на Работнички погоди седум натпревари изминатиот викенд. На три од нив, ПСЖ, Баерн Минхен и Барселона, освен победа на домаќинот, типуваше дека на мечевите ќе има и најмалку три постигнати гола, а ги погоди и дека Реал Мадрид, Ливерпул, Јувентус и Интер ќе триумфираат против своите ривали.

На Работнички одлично му оди и во шампионатот на Македонија. Вчера оствари важен триумф во дербито против Гостивар (1-0) и се зацврсти на првото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести