Игор Алексовски потпиша за албанскиот Фљамуртари

Македонскиот репрезентативен голман Игор Алексовски започнува ново поглавје во кариерата. Tој потпиша договор со албанскиот прволигаш Фљамуртари. За 29-годишниот чувар на мрежата, ова ќе биде прво интернационално искуство, откако летово се раздели со Работнички.

Алексовски досега ја бранеше мрежата на неколку македонски клубови, Македонија ЃП, Вардар, Шкупи, Ренова, а последно настапуваше за Работнички.

Минатата сезона блескаше на домашната сцена и заслужено беше прогласен за најдобар голман во Првата македонска фудбалска лига.

- Оглас -

Најнови вести