Игор Ангеловски на спектакл во Сплит асистираше во победата на младите против легендите Фиго, Јеро, Бобан, Мијатовиќ…

Игор Ангеловски имаше чест да биде во стручниот штаб на екипата составена од млади играчи во Сплит против Амбасадорите на фудбалот за која играа големи светски ѕвезди предводени од Луис Фиго, Фернандо Јеро, Предраг Мијатовиќ, Звонимир Бобан, Дарио Срна, а играше и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Ангеловски беше во стручниот штаб што го предводеше Игор Тудор, а на крајот идните фудбалски надежи ги победија големите ѕвезди со 5:4.

Овој меч беше ревијален како дел од завршницата на „Игрите на младите“ што се одржуваат во Сплит.

Ангеловски беше селектор на македонската фудбалска репрезентација до 31. јули, кога му заврши договорот со Фудбалската федерација на Македонија, а е првиот наш кормилар што успеа да обезбеди настап на големо натпреварување со сениорскиот состав.

Македонија предводена од Ангеловски играше на Европското првенство ова лето и го заврши настапот во првата фаза по групи со три порази, од Австрија, Украина и Холандија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести