По измината една недела од финалето на Типстер купот во организација на Sport Life обложувалниците, во водство е Игор од Скопје. Тој досега има освоено 23.729,5 поени и е најблиску до главната премија автомобил „пежо 308“. Зад Игор, на второто место со речиси 2.000 поени помалку е Миле од Тетово (21.745,4 поени).
Над 20.000 поени имаат освоено вкупно девет финалисти на Типстер купот, но и останатите кои следуваат уште имаат шанса да направат голем скок на табелата. Потребни се само неколку добро одиграни тикети кои ќе носат многу поени, што значи дека пласманот многу лесно може да претрпи промени.
Финалето на втората етапа од Типстер купот ќе заврши на 30 јуни, кога ќе биде познат и добитникот на „пежо 308“. Ова е распоредот на првопласираните 10 типстер играчи.
Сезонава во Типстер купот веќе беше доделен еден автомобил. Тоа се случи во финалето на есенската етапа, кога најуспешен беше Александар од Кочани.