Игор Тијаго од Брентфорд вечерва испиша историја на бразилскиот фудбал.
Поранешниот играч на Крузеиро, Лудогорец, и Клуб Бриж, вечерва даде два гола (мечот со Сандерленд уште е во тек) и сезонава има постигнато 16 голови во Премиер лигата со што е втор на листата на стрелци зад Ерлинг Халанд. Овие 16 гола се рекорд за еден Бразилец во елитното англиско натпреварување.
Со по 15 голови, стариот рекорд го делеа Роберто Фирмино, Габриел Мартинели и Матеус Куња. Игор Тијаго веќе е на 16, а има уште речиси половина сезона за играње.

