10.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Игор Тудор ќе биде нов менаџер на Тотенхем

Игор Тудор и официјално ќе седне на клупата на Тотенхем и ќе го предводи тимот до крајот на сезоната. Хрватскиот стратег доаѓа како привремено решение, со задача да ја стабилизира екипата и да внесе нова енергија во завршницата од првенството.


Според планот на раководството, на лето ќе се бара трајно решение, но Тудор ќе има можност со резултати да се избори за подолгорочна соработка.

Како потенцијални кандидати за долгорочен проект се споменуваат Роберто де Зерби и Маурисио Покетино, но во овој момент фокусот е целосно насочен кон стабилизација на тимот.

Тудор веќе има искуство со вакви ангажмани. Минатата година ја презеде клупата на Јувентус во текот на сезоната и успеа да ја исполни главната цел, пласман во Лигата на шампионите. Иако доби продолжување на договорот, соработката не траеше долго.

Во својата тренерска кариера тој ги водеше и Удинезе, Верона, Марсеј и Лацио, како и Хајдук Сплит, ПАОК, Карабукспор и Галатасарај.

Тотенхем претходно му врачи отказ на Томас Франк по серија слаби резултати, кулминирани со поразот од Њукасл. Тимот се наоѓа во долниот дел од табелата во Премиер лигата и очекува со Игор Тудор да ја промени насоката во клучниот дел од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести