Игор Тудор ќе седне на клупата на Јувентус?

Јувентус оваа сезона е во големи проблеми и далеку од пласман во Лигата на шампионите. Од раководството на клубот стравуваат дека сегашниот тренер, Масимилијано Алегри, ќе го напушти Торино. Токму затоа веќе размислуваат за негова замена која летово би седнала на клупата на Старата дама. Прв избор за тренер на Јувентус е хрватскиот стратег Игор Тудор. Пранешниот хрватски репрезентативец, кој беше дел и од славната генерација која освои бронзен медал на Светското првенство 1998 година во Франција, во моментов е тренер на Олимпик Марсеј. Доколу се остварат најавите дека Тудор ќе биде нов тренерн на Јувентус, тоа секако ќе биде врв на неговата досегашна тренерска кариера.

Игор Тудор во кариерата настапуваше за Хајдук, Трогир, Јувентус и Сиена. Тренерската кариера ја започна на клупата на својот матичен клуб Хајдук од Сплит во 2013 година. Во продолжение од тренерската кариера ги водеше и ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе, Верона, а му беше и помошик на Андреа Пирло на клупата на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести