5.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Игор Тудор првпат во Премиер лигата, ќе го води Тотенхем до крајот на сезонава

Хрватскиот стручњак Игор Тудор ќе биде менаџер на Тотенхем, но само до крајот на оваа сезона.

Хрватот ќе потпише краткорочен договор до крајот на оваа сезона, бидејќи Тотенхем планира да најде нов менаџер во текот на летото.

За Тудор тоа ќе биде прво искуство од работење во Премиер лигата. Тој како тренер има работено во Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе, Верона, Марсеј и Лацио, а никаде не останал долго и во својата 13-годишна тренерска кариера, тој освои само еден трофеј – Купот на Хрватска со Хајдук во 2013 година.

Англиските медиуми и некои легенди на Тотенхем се во шок, сметаат дека изборот на Тудор е погрешен.

Работата пред Тудор е тешка, треба да го држи тимот над зоната за испаѓање, а распоредот е тежок, дебито е му биде против лидерот и лут ривал Арсенал, по што следуваат битки со Фулам, Кристал Палас, Ливерпул, Нотингем Форест и Сандерленд, некои од нив им се директни ривали во борбата за останување во лигата

Теди Шерингам, поранешен англиски репрезентативец и легенда на Тотенхем, беше многу критичен во изјавата за изборот на Тудор.

„Не можам да верувам. Дали тој знае нешто за оваа лига? Земаа менаџер кој нема поим што го чека во Премиер лигата во следните шест недели. Кој ги носи овие одлуки? Не можам да го прифатам тоа“, рече Шерингам.

Тудор потпиша сличен договор и со Јувентус во март минатата година. Потоа ја исполни својата главна цел и го одведе Јуве до Лигата на шампионите, што му донесе продолжување на договорот. Сепак, Тудор не остана долго таму, бидејќи беше отпуштен во октомври.

 

- Оглас -

Најнови вести