Игор Тудор вечерва пристигнува во Торино, и ќе биде новиот тренер на Јувентус

Хрватот Игор Тудор ќе го води Јувентус до крајот на сезонава, а договорот кој ќе го потпише веројатно утре, ќе му важи до јуни, а ако обезбеди место во ЛШ, автоматски важноста ќе продолжи до летото 2026 година.

Тудор на клупата на Старата дама седнува на местото на Тијаго Мота со кого разделбата беше неизбежна после серијата разочарувања и порази. Јуве неочекувано рано испадна од Лигата на шампионите и Купот на Италија, и сега целта им е пласман меѓу четирите најдобри во Серија А за да играат во ЛШ следната сезона.

Тудор е поранешен играч на Јуве, а како тренер во Италија има искуство во Лацио, Удинезе и Верона. но водел и тимови како Марсеј, Галатасарај, ПАОК, Хајдук.

- Оглас -

Најнови вести