Игра во Саудиска Арабија, а интерес за него има од Реал Мадрид и ПСЖ

Поранешниот фудбалер на Атлетик Билбао и Манчестер сити, Емерик Лапорт, изненади многумина со одлуката минатото лето да се пресели во Саудиска Арабија, во клубот за кој настапува и Кристијано Роналдо, Ал-Наср.

Сепак, само после една година фудбалерот е пред враќање во европскиот фудбал, откако интерес за неговите услуги има од Реал Мадрид. Карло Анчелоти во него гледа идеално решение за дефанзивната линија, а според информациите од Шпанија, и фудбалерот нема ништо против да го облече дресот на „кралевите“. Сепак, во трката по неговиот потпис се вклучи и ПСЖ, од каде истотака има интерес за неговите услуги, па фудбалерот веднаш ги известил неговите агенти да се обидат да го раскинат договорот кој го има со Ал-Наср за да се врати во Европа.

- Оглас -

Најнови вести