Младиот 18-годишен фудбалер Матијас Соуле доби изненадувачки повик за настап во А репрезентацијата на Аргентина за претстојните дерби-натпревари против Уругвај и Бразил од квалификациите за СП 2022. Соуле е член на У-23 тимот на Јувентус, со кого сезонава игра во италијанската Серија Ц и нема дадено ниту еден гол на 10 меча.
Соуле нема играно за младинската или јуниорската репрезентација, „прескокна неколку скали“ и директно се најде во сениорскиот тим на Гаучосите. Велат дека потсетува на Анхел ди Марија, игра како полушпиц, а матичен клуб му е Велес. Договорот со Јувентус му е до 2024 година, останува да се види дали ќе дебитира за првиот тим на Старата дама.