Игра во животна форма, фаворит е за Златна топка, но Барселона сепак ќе го продаде

Бразилскиот фудбалер Рафиња блеска на теренот, но и покрај тоа што е еден од лидерите во тимот на Барселона, челниците на каталонскиот гигант размислуваат да го продадат на крајот од сезонава.

Рафиња е фантастичен и речиси незадржлив за противничките одбрани. Има 30 голови и 23 асистенции во 48 меча, но и покрај овој биланс, Барселона размислува да го продаде и тоа за сума од 85 милиони евра.

Бразилецот и минатото лето беше пред заминување од Барселона, но по доаѓањето на тренерот Ханси Флик, неговиот статус се промени. потегот на Флик се покажа како врвен, затоа што токму Рафиња е еден од најзаслужните што Барселона сезонава веќе ја освои титулата во Суперкупот, моментално е лидер во Примера дивисион, ќе игра во финалето на Купот на Шпанија, а е дел и од полуфиналето во Лига на шампиони.

Сепак, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко, сметаат дека Рафиња нема да може долго време да го држи ова темпо на форма и затоа би го продале ова лето, за да може добро да заработат.

Се очекува дека каталонскиот гигант ќе го продаде Рафиња на клубот кој ќе понуди барем 85 милиони евра. Бразилецот во Барселона пристигна за сума од 58 милиони евра од англиски Лидс. Пред тоа има играно и во Рен, Спортинг, Виторија Гимараеш и Аваи.

- Оглас -

Најнови вести