Репрезентацијата на Србија минимално со 1:0 победи на гостувањето во Рига против Летонија во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Душан Влаховиќ е стрелец на единствениот гол, откако прецизно биеше во 12 минута и ја затресе мрежата на домашната екипа.
#LatviaSerbia
⚽️ #Vlahovic pic.twitter.com/2LjuRJFocH— (@andarsofian) September 6, 2025
Со оваа победа Србија стигна до седум бодови од три меча и е втора во групата во која лидер е Англија со максимални девет бодови. Малку фалеше Србите да бидат шокирани во финишот бидејќи фудбалерите на Летонија ја погодија стативата.
На крајот, најважно е дека Србија ги освои трите бода и уште немаат примено гол во овие квалификации. За три дена, Србија во Белград ќе игра во дерби дуелот против Англија.