Играа многу легенди, но само еден е Меси – Прв во Шпанија до 500 победи

Лионел Меси е најголемата фудбалска ѕвезда што играла во најсилното шпанско првенство, а од вечерва е и првиот фудбалер во Ла Лига што успеал да стигне до 500 победи.

Аргентинецот го зачини убавиот јубилеј и историски запис со два гола во победата против Леганес од 5:0, за пласман на Барса во четврт-финалето во Копа дел Реј.

Во силната шпанска лига, една од најдобрите во историјата на фудбалот, играле многу фудбалски ѕвезди од калибарот на Ди Стефано, Замора, Амансио, Бутрагењо, од поново време и Марадона, двете ѕвезди со исто презиме Роналдо, Санчес, Раул, Чави, Иниеста…, но како Меси нема никој рекордни постигнувања.

Единствен професионален клуб во кариерата на Меси е Барселона, клуб за којшто има постигнато речиси 450 голови.

Петстотини и првата победа Меси ќе ја „бара“ на мечот во недела, во дуелот против Енис Барди и неговите соиграчи од Леванте, во меч од Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести