Играа најомразениот против вештачкиот клуб во Германија, победи Лајпциг, и тоа многу лесно

Лајпциг до декласира Хофенхајм само за едно полувреме и со головите на Нкунку, Халстенберг и на Собослаи до 44-тата минута славеа победа со 3:0.

Најомразениот тим во Бундеслигата кај сите навивачи на останатите екипи успеа лесно да победи во лудо дерби против Хофенхајм, клуб што во Германија го нарекуваат вештачки најмногу поради сопственикот Дитмар Хоп.

Лајпциг e основан во 2009 година , а дотогаш беше познат како ССВ Марканштад и играше во петтата германска лига.

Пред 13 години, австрискиот гигант Ред Бул го презеде клубот од Лајпциг и со огромни вложувања и игнорирање на правилото 50+1 го истурка клубот до Бундеслигата и до настапи во Лигата на шампионите.

Хофенхајм е малку поинаква приказна, а навивачите на останатите клубови во Бундеслигата не го сакаат најмногу поради сопственикот Дитмар Хоп.

Со влог од околу 350 милиони евра, и тој успеа набрзина да го направи малиот клуб од Саксонија во постојан член на Бунделслигата, а и таму се игнорираше истото правило, 50+1, во сопственичката структура.

Тоа правило предвидува дека навивачите или членовите на клубот мора да имаат најмалку 51 отсто од сопственичката структура во клубовите сè додека одреден инвеститор или спонзор не е повеќе од 20 години во клубот.

И кај Лајпциг и кај Хофенхајм тоа правило се прескокна, па дури често има и протест против нив на навивачките трибини во Бундеслигата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести