Партизан се пласираше во финалето на Купот на Србија, откако во јубилејното 200. градско дерби минимално со 1:0 ја победи Црвена ѕвезда. Мечот на стадионот на Партизан беше вистинска фешта и единствен во светот на кој имаше дури 20.000 гледачи на трибините.
Во период на пандемијата поради Коронавирусот, во најголем дел од првенствата во светот воопшто не е дозовлено гледачи на трибините, а таму каде што е дозволено, капацитетот е максимално редуциран. Сепак, тоа не беше случај на Партизан – Звезда, па трибините беа полни.
Само неколку дена по завршување на тој меч, од Партизан излегоа со одлука дека сепак е време да се редуцира капацитетот на трибините, па за дуелот против Чукарички, секој навивач што ќе биде на стадионот, ќе мора да има најмалку еден метар од тој што е најблиску до него. Затоа, на сите четири трибини на стадионот на Партизан ќе биде намален бројот на гледачите.