Репрезентација како автобуска станица – Играа против нас во квалификациите за СП, нема да верувате колку фудбалери им продефилираа за десет месеци

Репрезентацијата на Исланд е рекордер во новиот милениум и за период од 10 месеци во националниот тим и продефилираа дури 65 фудбалери.

Исланѓаните ни беа ривали во Ј групата за пласман на Светското првенство во Катар и против нив имавме едно реми, 2:2 во Рејкјавик и победа во Скопје во последниот меч од циклусот со 3:1 што ни донесе бараж за пат на СП.

Селекторот на Исланѓаните, Арнар Видарсон го објаси списокот со репрезентативци за пријателските дуели со Уганда и Јужна Кореа што ќе се играат на 12. и на 15. јануари и со новите играчи, вкупниот број на фудбалери што се повикани во националниот тим за период од 10 месеци е неверојатен и изнесува дури 65.

 

- Оглас -

Најнови вести