35.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Играа Сити и Ливерпул, а најмногу се израдува Лестер

Манчестер сити и Ливерпул ремизираа 1:1 во дербито од осмото коло на англиската Премиер лига, резултат од кои двете екипи треба да се задоволни. Сите возбудувања на мечот се случија во првото полувреме.

Ливерпул поведе со голот на Мо Салах од пенал во 13 минута, а неполни 20 минути подоцна Сити израмни. По една акција во која домаќините направија дури 19 додавања, Габриел Жезус погоди за 1:1. Пред крајот на полувремето, Сити можеше да стигне до водство, кога беше досуден пенал за домаќините. Кевин де Брујне шутираше, но го промаши целиот гол.

Во второто полувреме двете екипи речиси и да не доздадоа шанса за погодок и повеќе играа за да не загубат. На овој резултат, сигурно се радува Лестер, кој со 18 бодови останува лидер на табелата. Ливерпул сега има 17 бодови, колку што има и Тотенхем на втората позиција, додека Манчестер сити е со 12 бодови на 11 место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести