Еспањол и Атлетико Мадрид одиграа 1-1 во првиот од двата мадридско-барселонски дуели денеска. Ова беше мирољубив меч во однос на она што се очекува вечерва од 21 часот кога Реал и Барселона ќе си ги одмерат силите, знаењето и нервите.
Фенерџијата на табелата поведе со автогол на Савиќ, а изедначи Саул. Инаку, Еспањол, Атлетико и Реал Сосидеад се на делба на првото место на вечната листа шпански прволигаши со најмногу автоголови. Имаат по 89 во својата историја. Од овие 89 на Атлетико, три се на Црногорецот Савиќ. Јорганџиите на 9 април 2016 година за последен пат триумфирале на гостување во лигата на кое имале негатива од 0-1. Тогаш им успеа токму против Еапањол, но денеска не успеаја и мораа да се задоволат само со бод.
Атлетико доби само едно од последните 13 гостувања, премалку за да се нападне титулата.