Играа Тотенхем и Барнли, а се тресеа и фановите на Арсенал, Лидс и Евертон

Тотенхем го победи Барнли со 1-0 во првиот денешен дуел од Премиерлигата, а освен овие два тима, исходот со нетрпение го очекуваа и во уште неколку клубови кои се борат со Тотенхем и Барнли, кој за ЛШ, кој за опстанок.

Победата на Петлите ги израдува фановите на Лидс и Евертон, а ги разочара тие на Арсенал. Единствениот гол падна во осмата минута од судиското продолжение на првото полувреме, и тоа од пенал кој го реализираше Хари Кејн. Кејн во дресот на Тотенхем има серија од 23 погодени пенали по ред.

Сега Тотенхем има два бода предност пред Арсенал во трката за четвртото место кое води во ЛШ, па Топчиите утре на гостувањето кај Њукасл мора да победат, ако сакаат на едно коло до крај да имаат бод плус од ривалот. Во спротивно, Тотенхем ќе биде на пол-позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести