Играа Украина – Италија, а на терен трчаа кучиња и еден коњ (Видео)

На дуелот меѓу Украина и Италија на Олимписките квалификации за глуви се случија два неочекувани прекини. Пред крајот на првото полувреме, на теренот се појавија две кучиња. Тие разиграно трчаа, а зад нив беше човекот кој требаше да ги тргне од теренот.

Мисијата да се избркаат кучињата и не беше многу тешка во споредба на тоа што се случи во второто полувреме. Се играше 59-тата минута, кога на теренот, на изненадување на сите, се појави коњ! За среќа, и овој прекин траеше кратко, а коњот сам си излезе од теренот и од игралиштето, враќајќи се на полјанката на којашто трчаше.

 

- Оглас -

Најнови вести