Играа во Лига на шампиони, го освоија Купот, а денеска може да испаднат од лига

Силекс е тимот кој има навистина возбудлива сезона. Кратовци пред почетокот на сезоната беа дел од квалификациите во Лигата на шампиони, заменувајќи го Вардар кој не доби лиценца за настап во Европа. Некогашниот македонски првак не се прослави на меѓународна сцена, а потоа и во првенството постојано се мачеше да стигне до добар резултат.

На крајот, по 33 одиграни кола, Силекс заврши со 36 бодови, доволно за деветото место кое носи разигрување за плеј-аут. Кратовци за противник во мечот кој треба да реши за тоа која екипа следната година ќе игра во Прва лига го доби тимот на Тиквеш. Во второлигашката конкуренција Тиквеш заврши како втор и сега има шанса да се избори за влез во елитното друштво.

Сепак, квалитетот реално е на страната на Силекс кој пред само неколку дена успеа да се радува и во финалето на Купот на Македонија, откако на пенали го победи тимот на Академија Пандев. Со тој триумф, Силекс повторно си обезбеди излез во Европа, но тој успех ќе биде засенет, ако денеска кратовци не успеат да обезбедат опстанок во Прва лига.

Во вториот меч кој исто така решава за тоа кој ќе има прволигашки статус ќе играат Ренова и Охрид. Двата меча ги има во понудата на Sport Life, па познавачите на македонскиот фудбал имаат шанса да се обложат на овие два бараж натпревари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести