Играа во Лигата на шампиони, а стадионот сега им е како од хорор-филм (Фото)

Артмедија Петржалка е словачки клуб од главниот град Братислава. Тоа е клуб со историја од 122 години, а само пред 15 години ги имаше најголемите успеси. Артмедија како шампион на Словачка успеа да се избори за место во Лигата на шампионите.

Овој клуб се најде во групата Х заедно со Интер, Порто и Глазгов ренџерс. Артмедија не ја помина групната фаза, но клубот испиша историја во елитната лига на УЕФА. По таа историска година на Артмедија Петржалка, следува вртоглав пад.

По една и пол деценија, клубот сега се вика само Петржалка, а е дел од втората лига во Словачка, каде што е далеку од борба за влез во елитната лига. Во овие 15 години најмногу „настрада“ стадионот на Петржалка, кој сега изгледа како руиниран напуштен објект, претворен во депонија за ѓубре.

 

- Оглас -

Најнови вести