Играа заедно 59 пати, еден против друг 20, а Џерард го победи Лампард во првиот нивен дуел како менаџери

Астон Вила го победи Евертон со 2-1 во меч на кој првпат еден против друг како тренери се надмудруваа Стивен Џерард и Френк Лампард.

Легендите на англискиот фудбал 59 пати играа заедно за националниот тим, 20 пати играа еден против друг, а денеска првпат се сретнаа еден против друг во поинаква улога. Џерард има подобар состав на располагање од Лампард, па и победата на Вила е прилично очекувана.

Евертон има два порази во првите две кола, и откако во минатата сезона се провлече, делува дека овојпат ќе им биде тешко да изборат опстанок.

- Оглас -

Најнови вести