Некогашните соиграчи од Ливерпул и од шпанската фудбалска репрезентација, Алваро Арбелоа и Фернандо Торес, сега се тренери на младинските екипи на Реал Мадрид, односно Атлетико Мадрид и учествуваа во мини-инцидент кој заврши со исклучување на некогашниот напаѓач.
Кога Реал изедначи на 2-2, Арбелоа славеше гледајќи и коментирајќи кон клупата на Атлетико, а Торес ги загуби нервите, си дозволи да го турне бившиот соиграч, за што доби црвен картон.
Former Liverpool teammates Fernando Torres and Alvaro Arbela managed against each other today.
Torres got sent off for telling Arbeloa:
“I’ll blow your head off.” [@relevo] pic.twitter.com/8Ofy18i6qT
— The Anfield Talk (@TheAnfieldTalk) May 14, 2023