Играат типично островски стил: Велс му даде два гола на Казахстан по изведени корнери (Видео)

Македонија со победа од 3:0 на гости кај Лихтенштајн започна во квалификациите за пласман на СП 2026, но сега следува многу посериозен предизвик. Велс е следен ривал на Македонија на меч кој утревечер ќе се игра во Скопје.

Слично како Македонија, во одлична форма е и Велс. Оваа селекција нема пораз на последните седум средби кои ги одигра. Има четири победи и три нерешени.  На последниот меч кој го одиграа само пред три дена, Велс на свој терен во Кардиф со 3:1 го победи Казахстан.

Првите два гола за Велс беа постигнати по акции од изведен корнер. Во деветтата минута најдобро се снајде играчот за врска Даниел Џејмс, кој настапува во Лидс. Слична беше ситуацијата во 47-мата минута, кога беше изведен корнер, а дефанзивецот на Тотенхем, Бен Дејвис, погоди за 2:1. Овој гол може да го видите ТУКА.

Велс дури во 90-тата минута го даде третиот гол за потврда на триумфот.

Сега Велс ќе гостува во Скопје, а според квотите, островската селекција е фаворит за победа. Сепак, добрата игра на Македонија, позитивната игра и оптимизмот кој го стекнаа нашите фудбалери по шестте победи по ред без примен гол, како и домашниот дел и поддршката од публиката треба да бидат голем адут за Македонија да стигне до триумф.

- Оглас -

Најнови вести