Брука на еден првак: Играат во Лигата на шампионите, а цела четвртина не постигнаа ниту еден поен

Екипата на Левице во последните две сезони доминира во кошаркарското првенство на Словачка и ја освојува титулата. Благодарение на трофејот освоен за сезона 2022/23, Левице играше во квалификациите за ФИБА Лигата на шампиони, но таму не се прослави.

Левице синоќа играше на свој терен против АЕК од Атина и ја имаше фаворитската улога, но на теренот ситуацијата беше поинаква. Звучи неверојатно, но Левице во првата четвртина не успеа да постигне ниту еден поен.

АЕК водеше со 20:0 по првите 10 минути, а потоа грчкиот тим и на почетокот на втората четвртина погоди и за 22:0. Дури во 12-тата минута од мечот, Левице даде прв поен, и тоа од слободни фрлања. АЕК на полувреме водеше со 23 разлика, а шампионот на Словачка дури во второто полувреме се „разбуди“.

Левице во третата четвртина беше подобар со убедливи 21:8, а во еден дел од последната четвртина, домаќините успеаја да намалат само на три негатива (55:58). АЕК сепак не дозволи целосен пресврт и грчкиот тим на крајот победи со осум разлика.

- Оглас -

Најнови вести