Дефанзивецот на Севилја, Маркао, неколку недели ќе биде во аут и тоа поради суспензија. На дуелот против Реал Мадрид, Маркао доби два жолти картони што автоматски значеше и исклучување од мечот, поради што заработи драстична казна.
Дисциплинската комисија на шпанската федерација реши да го казни Марако со дури шест меча суспензија, но оваа драконска казна најмногу е поради навредите кои Маркао ги искажа кон главниот судија на мечот, Алехандро Муњоз.
Во казната од шест меча се вклучени, еден меч поради исклучувањето, четири меча поради навредливи изјави, како и еден натпревар поради неспортско однесување.
Од Севилја поднесоа жалба на оваа драстична казна. Од Севилја тврдат дека зборовите кои Маркао ги искажал кон судијата биле обични зборови на португалски јазик, а не директна навреда кон арбитарот.

