Играч кој не настапува во НБА го прескокна легендарниот Шекил и ја одбрани титулата во забивање (Видео)

На втората вечер од Олстар викендот, НБА-лигата доби нови-стари победници во забибање и во шутирање тројки.

Во натпреварот во забивање, втора година по ред победува играч кој не настапува во НБА-лигата, Мек Мекланг кој настапува во развојната лига. Тој во финалето ја победи ѕвездата на Бостон селтикс, Џејлен Браун откако во последната серија го прескокна легендарниот Шекил О’Нил.

 

Мекланг стана првиот кошаркар по Зак Лавин од 2016 година кој ја одбранил титулата.

 

И во натпреварот во шутирање тројки, втора година по ред победува бекот на Милвоки бакс, Дамиан Лилард кој во финалето беше подобар од Карл-Ентони Таунс од Минесота и играчот на Атланта, Тре Јанг.

Лилард го повтори успехот на Џејсон Капоно кој во 2007 и 2008 година двапати по ред победуваше во ова натпреварување, а рекордери се Лари Бирд и Крег Хоџис со три триумфи.

 

Во интересно натпреварување, најдобриот шутер во НБА-лигата, Стеф Кари, ги измери силите со најдобрата шутерска во женската ВНБА-лига, Сабина Јонеску. Кошаркарката на Њујорк либерти во шутирање тројки освои 26 поени, додека Стеф Кари освои 29 бода, и како награда доби појас за најдобар шутер.

 

Во натпреварот во кошаркарски вештини „Скилс челенџ“ победи домашната екипа на Индијана која ја претставуваа Тајрис Халибуртон, Бенедикт Матурин и Мајлс Тарнер.

 

- Оглас -

Најнови вести